• петок, 21 февруари 2025

Коалицијата за заштита на децата се приклучува на граѓанската иницијатива „Новогодишно пакетче за подобро здравје“

Коалицијата за заштита на децата се приклучува на граѓанската иницијатива „Новогодишно пакетче за подобро здравје“

Скопје, 12 февруари 2025 

Коалицијата за заштита на децата се приклучува на граѓанската иницијатива „Новогодишно пакетче за подобро здравје“ и дава отворена поддршка до „Македонското научно здружение за аутизам - МНЗА“ и здружението „Емоционално здраво детство“ од Скопје, кои на на ден 06.09.2024 г. се обратија до Владата на Република Македонија со барање заведено под бр.11-8365/1 за промена на содржината на Новогодишните пакетчиња со цел да се заштитат децата од прекумерно консумирање на шекери.

Предложено е идеја во пакетчето да има, на пример играчка, сликовница, боенка, тетратка, молив, книга, прибор за градинка/училиште, боици, пластелин, топка, пинг-понг, комплет за рачни ракотворби, кит за творечки работи, облека, спортска опрема и додатоци, јаткасти производи, кокос, додатоци во исхраната како минерали и витамини и/или други добредојдени нешта за децата, зависно од нивната возраст, а помалку (рафинирани) шеќери, конзерванси и бои. Пакетчето може да биде прилагодено за целната група деца, актуелната ситуација и за детските индивидуални потреби, поединечно.

Со ова не само што ќе ги заштитиме децата од пречесто и претерано консумирање шеќери, туку и едукативно ќе делуваме на нивните прехранбени навики. На пример, во пакетчињата за деца со аутизам не смее да има воопшто шеќери и други алергогени прехрамбени производи.

Од Владата се побара да ја прифати и поддржи оваа граѓанска иницијатива на начин што ќе донесе заклучок, организира кампања по сите медиуми, ги вклучи јавните и државните органи, претставници од стручната и пошироката јавност, формира тим и донесе акти за содржината на
новогодишното пакетче, и во набавките ја вметне погореспомнатата идеја, меѓутоа никој од Владата сѐ уште нема одговорено на барањето.

Ургираме да се разгледа идејата што беше доставена минатата година и да се експедитира постапката со цел да се заштитат особено најранливите деца.

Коалиција за заштита на децата 

________________________________________________________________________________________ 

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Фото: Принтскрин 

 

 

 

Остани поврзан